Светот е полн со туристички атракции кои повеќето луѓе сакаат да ги посетат барем еднаш во животот.
Сепак, ново истражување покажа дека има и атракции кои ги разочарале светските патници.
Врз основа на прегледите на патниците на веб-страниците Trustpilot и TripAdvisor, направена е листа на кои светски атракции се жалат туристите.
Втора атракција на листата е Версајската палата. Патниците го оценија Версај негативно бидејќи секогаш е преполн, влезницата е скапа и целата околина е лошо одржувана. Версај го посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе секоја година.
Стоунхенџ го зазеде третото место, како место со екстремно скапи влезници и содржини кои практично не постојат.
Ова се светските атракции на кои најмногу се жалат туристите:
1. Холивудската патека на славните, САД
2. Версај, Франција
3. Стоунхенџ, Обединето Кралство
4. Знакот Холивуд, САД
5. Биг Бен, Велика Британија
6. Белата куќа, САД
7. Кривата кула во Пиза, Италија
8. Емпаер стејт билдинг, САД
9. Пирамидите во Гиза, Египет
10. Бакингемската палата, Велика Британија