Некои морски видови што со години не биле забележани во Мраморното Море, повторно се појавија, благодарение на плодот од преземаните мерки, тврдат турски морски експерти, јави Анадолија.
– Ограничувањето на испуштање отпадни води, контролата на нелегалниот лов или ограничување на ловот и проширувањето на заштитените подрачја помагаат за ширење и размножување на видови и зголемување на нивниот број. Резултати добиваме речиси веднаш, истакна Ахсен Јуксек, академик од Универзитетот во Истанбул.
Сè уште постои голема опасност, подвлече таа, додавајќи дека екосистемот е во „остар циклус, како сечилото на ножот“, оти, секогаш може да се случи нешто неочекувано.
Неодамна добиле фотографии од морски ежови и сунѓери. Туната ретко се гледала во Мраморното Море и тешко можела да се сретне уште од доцните осумдесетти години.
Да има шанса, ретките видови може да бидат видливи. Според неа, јастозите, што се под примарна заштита и закана, може да се видат во Мраморното Море на 12 метри.
Таа информираше и за пронајдените јајца од морски лист и платика во Златниот рог, како и октопод што е забележан на југ.
– Октоподот инаку живее во подрачја близу брегот, доколку смета дека нема закана, појасни Јуксек.
Како што додаде, октоподите многу бргу се размножуваат, доколку се одмораат.
Еда Топчу Ериалкин, академик од Универзитетот во Истанбул, очекува дефинитивно подобрување, ако донесените одлуки целосно се спроведуваат.
– Видови овде растат многу побргу во однос на други региони. Нивниот развој е навистина брз. Имавме шанса да видиме особено медитерански видови, како октоподи, јастози, некои лигњи, што беа доста чести во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, како и видови што не се видени во Мраморното и Црното Море, изјави Ериалкин.