Дури 328 луѓе загинале во најголемата фудбалска катастрофа во историјата која се случила во последните моменти од натпреварот меѓу Перу и Аргентина.
На денешен ден репрезентацијата на Перу ја пречекала силната Аргентина на стадионот „Насионал“ во Лима пред 47 илјади гледачи во квалификациски натпревар за ЛОИ 1964 во Токио. Аргентинците имале водство од 0:1 на 6 минути пред крајот кога Перу постигнал израмнувачки гол кој уругвајскиот судија Анхел Едуардо Пасос го поништил. Одлуката ги разбеснила навивачите кои влетале на терен, а полицијата употребила солзавец што само ја влошило ситуацијата предизвикувајќи паника и масовен обид за излез од стадионот.
Комплицираните излези со тунели и скали предизвикале навивачите да се заглават и прегазат едни со други, што резултирало со 328 загинати и околу 500 повредени. Бројката на загинати е поголема бидејќи перуанските валсти не ги рачуваат оние убиени од полицијата.
На крајот дури и квалификациите биле прекинале со 5 натпревари до крајот, а Аргентина заминала на ЛОИ како првопласирана. Перу и Бразил имале исто бодови и играле бараж во кој Бразил победил со 2:0 и заминал за Токио.
До ден денес оваа несреќа е најголемата во фудбалскиот свет, поголема и од Хејсел, Хилсборо и Иброкс.