Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година.
Иако југословенскиот претседател Јосип Броз бил роден на 7 мај, тој официјално го славел својот роденден на 25 мај, на денот кој во 1957 година, бил прогласен за Ден на младоста.
Штафетата му била врачувана лично на Тито, сè до неговата смрт во 1980 година, но традицијата продолжила сè до 1987 година, кога ја примале тогашните претседатели на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, како симбол на „братството и единството“ во знак на почит и верност кон името и делото на Јосип Броз. Денес, како и многу години наназад, повеќе илјади почитувачи на ликот и делото на Тито ќе го посетат неговиот гроб во „Куќата на цвеќето“ во Белград но и Музејот на историјата на Југославија каде се изложени сите „Штафети на младоста“.
Старите скопјани со посебна носталгија се сеќаваат на овој ден.
Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен.