Белгијците не се шегуваат, а тамошното законодавството многу сериозно го сфатил проблемот со користење на телефоните во текот на возењето.
Во одредени делови од државите (провинциите), воведени се прописи кои подразбираат казна до 4.000 евра и губење на возачката дозвола до пет години, доколку ве „уловат“ како чепкате по мобилниот телефон, па дури и во потрага за подобра рута на навигацијата.
Акција од 48 часа
Во најновата акција која траела 48 часа, белгиската полиција евидентирала 2.387 прекршоци и одземени се 503 дозволи.
Чуварите на редот ги контролираат возачите ширум државите, а целта била борба против „дистракциите во везењето“, феномен за кој се верува дека предизвикува една четвртина од несреќите на тамошните патишта.
Од вкупниот број на прекршоци, дури 2.332 се однесуваат на користење на мобилниот телефон во текот на возењето, а 114 на други облици на дистракција.