Една од најбараните опции меѓу Јутјуб корисниците, конечно пристигнува на платформата.
Во иднина, полесно ќе може да ги прегледувате видеата, со помош на „most replayed“ опциите.
Посебен графикон
Треба да нагласиме дека функцијата од претходно била достапна ексклузивно на „YouTube Premium“ претплатниците, а сега тука ќе биде и за вас.
„Most replayed“ овозможува на едноставен начин да пронајдете делови од видеата кои корисниците најчесто ги гледале.
Посебен графикон ќе биде прикажан над црвената линија на траењето на видеото и ќе ви укаже на популарноста на сите негови сегменти.
Ваквото визуелно решение треба да го олесни наоѓањето на специфични информации во видеото по кои трагате.
Уште новитети
Компанијата истакнува дека новата опција особено ќе биде корисна за гледање на подолги видеа, пренесува „The Sun“.
„Most replayed“ е веќе достапен на одредени корисници во светот, а набрзо ќе пристигне глобално на Android, IOS и десктоп апликациите.
Јутјуб претстави уште два новитети – Single Loop, кој овозможува повторување на едно видео до недоглед и деловите Like, Dislike, Share во full screen режим на гледање.