Анализирани биле податоци од 27 пазари во Европа, а резултатите прочитајте ги во продолжение.
Бројот на новорегистрирани автомобили во Европа во текот на април, намален е за 20 отсто во однос на истиот период лани, покажува истражувањето на „Joto Dynamics“.
Податоците од 27 пазари ширум Европа, откриваат дека минатиот месец регистрирани биле 821.000 возила, како и дека произведувањето на електричните модели „трпи“ поради кризата со чиповите.
Кој е победник?
Покрај недостатокот на делови, проблемите на пазарот се препишуваат на инфлаторната криза и воената состојба во Украина.
Интересно е што хибридите бележат намален број на регистрации во април (1,4 отсто), втора година по ред, пренесува „Autocar“.
Титулата за најпродаван модел на Стариот континент ја однесе „Peugeot 208“. На втората позиција се најде „Vоlkswagen T-Roc“, а на третата „Dacia Sandero“.
Погледнете ја топ 10 листата:
1. Peugeot 208 (15.615)
2. Volkswagen T-Roc (13.998)
3. Dacia Sandero (12.913)
4. Fiat 500 (12.835)
5. Ford Puma (12.601)
6. Toyota Yaris (12.448)
7. Opel/Vauxhall Corsa (11.843)
8. Toyota Corolla (11.678)
9. Kia Sportage (11.653)
10. Fiat Panda (11.554)