Неодамнешна анкета го даде одговорот на ова прашање. Во неа учествуваа 12.400 жители на различни европски земји, а од секој од нив било побарано да го оцени своето возење, возењето на неговите сонародници и возењето на жителите на други држави во Европа.
Резултатите од анкетата во најмала рака се загрижувачки. Дури 79% од испитаниците изразиле негативен став кон другите возачи. Четвртина од Британците изјавиле дека се однесуваат како сосема друга личност кога ќе се најдат зад воланот, додека во Полска 42% од испитаниците изјавиле дека „во возењето секој си се гледа себеси“.
Од сите земји, сепак, една се истакнува. Станува збор за Грција. Неверојатни 91% од Грците имале да кажат нешто негативно за возачите од другите земји, додека исто така најмногу пријавиле нечовечко однесување од другите грчки возачи.
Кога станува збор за пцуење, агресивно свирење, пречекорување на брзината, возење со мобилен телефон, излегување од автомобилот и соочување со друг возач, Грција се наоѓа на врвот.
Анкетата покажа и позитивни работи за возачите во Европа. Шпанците и Британците на пример, најмалку го осудуваат возењето на луѓето во другите земји, додека Германците прилично добро го оцениле возењето на нивните сонародници, наведувајќи дека само мал број од нив се однесуваат агресивно или неодговорно.