![Еве кој е најдобриот град за студентски живот во светот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/14/cc5d0c41-resize-820x0x100.jpg)
Како што покажаа неодамнешните статистики, Лондон е најдобриот град за студентски живот во светот.
Престолнината на Велика Британија, на тој начин, успеа од да го тргне Монтреал од првото место на оваа листа, кој минатата година е прогласен за најдобар град за студентите ширум светот.
Ова истражување имаше за цел да спои повеќе статистики и фактори како егзистенцијалните услови за живот, така и инфраструктурата и желбата на студентите студиите да ги продолжат во тој град.
Дури 50.000 студенти од Лондон учестуваа во истражувањето давајќи одговори за своите искуства во градот, но и за желбата да продолжат со живот овде после завршувањето со студиите.
На второто место се најде Токио, а на третото Мелбурн.
Од друга страна, минатогодишниот победник Монтреал оваа година ја зазема четвртата позиција, а Париз петтата.