Лошиот сон влијае на здравјето, изгледот и севкупниот квалитет на живот, а сепак 35 проценти од возрасните спијат помалку од минималните препорачани седум часа непрекнат ноќен сон.
Еве седум навики кои вреди да ги промените за да го добиете одморот што толку ви е потребен.
Веднаш одите во кревет
Секој на крајот од напорниот ден сака само да скокне во кревет и да ја стави главата на перница. Но, некои релаксирачки вечерни ритуали всушност би можеле да бидат многу покорисни и да му помогнат на мозокот да се опушти и побрзо да заспие. Рутината пред спиење почнува и неколку часа пред времето за легнување и може да вклучува лесен оброк, топол туш или читање добра книга. Изберете нешто што ќе ви го смири умот и ќе ви помогне да се опуштите.
Пиете црн чај пред спиење
Билните чаеви се познати по нивните смирувачки ефекти и со години се користат за лекување на несоница. Иако многу чаеви, како камилица или лаванда, можат да ви помогнат да се опуштите, па дури и да го подобрите квалитетот на сонот, некои го прават спротивното. На пример, црниот чај е богат со кофеин и може да предизвика нервоза и несоница.
Избирате погрешна покривка
Иако не можеме да заспиеме без покривка, клучно е да ја избереме вистинската. Полиестерските покривки се лесни за перење и одржување, но не се најдобриот избор кога станува збор за спиење. Полиестерот е синтетички материјал, што значи дека не дише и не му дозволува на вашето тело да ја регулира својата температура, што може да направи да се чувствувате топло и да се потите. Наместо да купувате полиестерско ќебе, одлучете се за волнено бидејќи и ќе ве стопли и ќе ја остави вашата кожа да дише.
Вежбате навечер
Вежбањето ви помага да се опуштите и да се ослободите од анксиозноста, што пак ќе го подобри вашиот сон. Но, вежбањето премногу доцна во денот може да направи повеќе штета отколку добро и да го наруши добриот ноќен одмор. Одењето во теретана еден час пред спиење нема да дозволи вашата телесна температура да падне, што ќе предизвика да се превртувате во сон и да се будите навечер. Ако сте ноќна птица и претпочитате да вежбате навечер, придржувајте се до вежбите со низок интензитет најмалку четири часа пред спиење.
Го прескокнувате појадокот
Појадокот со право се нарекува најважниот оброк во денот. Луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот имаат поголема веројатност да спијат лошо и да се будат нервозни.
Облекувате дебели пижами
Некои пижами се премногу дебели и го попречуваат сонот. Подобро спиеме кога температурата на телото ни е малку намалена. А ако легнувањето без облека не ви одговара, одлучете се за лесни пижами од природни ткаенини, како лен или памук, во кои кожата ќе дише.
Имате тепих покрај креветот
Теписите придонесуваат за поудобен изглед на собата, но не е паметно да го ставите до креветот. Теписите се мамка за прашина, што ги прави совршено место за размножување на штетни бактерии. Истражувањата покажаа дека квалитетот на воздухот во затворените простории е клучен за добар сон, па дури и може да влијае на вашето расположение следниот ден.