Еве што прават кога не прават ништо
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа денот кога тие немаат кралски должности, го имаме одговорот. Зад затворени врати нивното секојдневие е сосема обично.
Кралицата Елизабета
Иако кралицата Елизабета Втора има 96 години, сепак се вели дека е вредна како пчела. За неа нема слободно време, па најчесто се буди околу 7.30 и веднаш по станувањето се занимава со документација. Секој момент го користи да организира витешки собири, средби со својот персонал и претставници на дипломатијата, црквата, судот и војската.
Поминувањето време со членовите на семејството е исто така строго организирано. Посветува на секој по 20 минути дневно.
Таа е љубител на фотографијата, па тоа и е своевиден хоби.
Принцот Вилијам
Откако ја напуштил работата со скратено работно време во амбуланта, принцот Вилијам се посветил на родителските и кралските обврски.
Неодамна за Би-Би-Си изјави дека својата должност како родител ја сфаќа многу сериозно. Неговото семејство е на прво место, па целото слободно време го поминува играјќи си со децата.
Тој е страстен вљубеник во скијањето.
Кејт Мидлтон
Војвотката Кејт Мидлтон е мајка со полно работно време, но во последно време презема повеќе кралски должности, што значително го намали времето во кое може да ужива. Нема време за мрзеливост бидејќи сериозно си ја сфаќа работата. Како и Вилијам, таа го презема родителството многу сериозна задача и најмногу ужива да си игра со децата.
Таа е доживотен почесен член на престижното Кралско фотографско друштво, кое го препозна нејзиниот талент и ентузијазам.