Туристите кои одат на одмор во Грција не можат со себе да носат месо, млеко и млечни производи, пишува порталот Грција инфо. Исто така, не е дозволено носење варена и пржена храна и расиплива храна.
Се наведува дека во Грција може да се донесат до пет килограми свежо овошје и зеленчук, освен компир, до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за домашни миленици.
Патниците кои доаѓаат од ЕУ можат да донесат во Грција без царина:
-800 цигари, 200 пури или килограм тутун
-10 литри жестоки пијалоци, 90 литри вино, 110 литри пиво
-Нема ограничувања за парфемите
Патниците кои пристигнуваат со авион од европските земји надвор од ЕУ можат со себе да понесат:
-200 цигари, 50 пури или 250 грама тутун
-Четири литри вино, 16 литри пиво, еден литар жесток пијалок
-50 грама парфем и 250 милилитри колонска вода
-Подароци од 175 евра по лице и 90 евра доколку лицето е под 15 години
-До 10.000 евра во готово (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Мора да се пријават износи над 10.000 евра во готовина
Патниците кои пристигнуваат со автомобил или автобус од европски земји надвор од ЕУ (како Македонија) можат да имаат со себе:
-40 цигари, 20 пури или 50 грама тутун
-Еден литар жесток пијалок над 22 отсто или два литри жестоки пијалоци од 22 отсто или помалку и два литра вино
-50 грама парфем и 250 милилитри колонска вода
-До 10.000 евра во готово (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Мора да се пријават износи над 10.000 евра во готовина
-Дозвола за внес на тутун и алкохол не се достапни за патници помлади од 18 години
Забрането е носење растенија со земја во Грција, а забрането е изнесување антиквитети без посебна дозвола на Археолошката служба во Атина.
Една даска за сурфање по лице може да се увезе или извезе без царина, доколку е запишана во пасошот при пристигнувањето.
Исто така, во Грција е укината продажбата на бесцарински алкохол и цигари на аеродромите и на море.
Како што потсетува, патниците треба да имаат предвид дека може да се бара на царина да докажат дека стоката е купена само за лична употреба.
Земјите-членки на ЕУ можат да се придржуваат до прирачникот на ЕУ во кој се наведени следните количини: 10 литри жесток пијалок, 20 литри силно вино, 90 литри вино, 110 литри пиво, 800 цигари, 400 мали пури и еден килограм тутун.
Посетителите од земјите кои не се членки на ЕУ може да добијат поврат на грчкиот ДДВ, кој е 24 отсто за набавки вредни повеќе од 50 евра.