Денес ќе биде прoменливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. УВ=7
Во Скопје: Прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.о сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени и ќе се движи вп интервал од 20 до 26 степени Времето ќе биде Oблачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
И во сабота ќе се задржи ваквото променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Во недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.
А од понеделник веќе врннежи же нема, ќе бид епроменливо облачно со температура до 32 степени