
Оптичките илузии честопати можат да откријат интересни факти за нашите личности, а оваа ќе ви открие колку сте интелигентни.
Интелигенцијата овде се поистоветува со успех во решавањето на една задача, па целта е да се пронајдат сите скриени лица на илустрацијата; и колку повеќе ги наоѓате, толку сте поинтелигентни.
Имено, како што пренесува The Sun, многумина можат да забележат неколку лица скриени во гранките и стеблото на дрвото, додека само еден процент од луѓето можат да ги најдат сите контури на машката и женската глава на цртеж. Обидете се:
Колку пронајдовте? Доколку го дадовте конечниот одговор, продолжете со читање и дознајте го точниот број во продолжение…
На илустрацијата има вкупно десет лица на различни историски личности, а илузијата наводно го крие лицето на Маргарет Тачер и лицето на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.