Млад човек од Јута, САД, кој бил посвоен по раѓањето, ја барал својата биолошка мајка долги 20 години и на крајот ја нашол таму каде што најмалку очекувал - на своето работно место. Многумина беа изненадени од неверојатната судбина на овие две лица.
Бенџамин Хулберг бил посвоен набргу по неговото раѓање во 2001 година, а иако никогаш не му недостасувале љубов и внимание, секогаш сакал да ја најде жената која го родила.
Тоа не било толку едноставно затоа што сè што знаел за неа било дека нејзиното име е Холи. Сепак, чекањето се исплатело, а години подоцна дознал дека мајка му е поблиску отколку што очекувал.
Минатиот ноември, Бенџамин повторно објави на својот Facebook профил дека е во потрага по мајка му Објасни како испраќал разни писма до агенциите за посвојување, правел ДНК тестови, се запишал во матичната книга на посвојување... Сепак, без резултати.
Иако знаела кој е нејзиниот син, Холи дотогаш немала храброст да стапи во контакт со него. Во пораката пред роденденот на Бенџамин напишала дека таа е личноста која пред 20 години ја донела „најтешката одлука во животот и го дала своето прекрасно бебе на посвојување“. Иако немала намера да го „преврти животот наопаку“ за Бенџамин и неговото семејство, сакала тој да знае дека постојано мисли на него.
„Немам зборови да опишам како се чувствував кога ја запознав жената која ме роди пред 20 години. Моите корени. Мојата ДНК. Никогаш не сум го имал тоа во животот. Уште еден забавен факт? Ја добив пораката на Националниот ден на посвојувањето“, рече тој.
На заеднички ручек, Холи и Бенџамин се сретнале со нивните семејства, а освен што се сретнал со неговите двајца полубраќа и сестри, открил и дека тој и мајка му работеле на исто место во последните две години.
Во болницата во Солт Лејк Сити, Холи работела како медицински асистент, додека Хулберг волонтирал во одделот за интензивна нега за новороденчиња.
Холи го родила Бенџамин кога имала само 15 години, а веднаш по раѓањето почнала да бара семејство кое ќе го посвои од страв дека не може да му обезбеди сè што ќе му биде потребно. Така Бенџамин дошол во семејството Хулберг.
„Знаевме дека Холи го сака Бенџамин од денот кога ни го предаде. Го сакаше со сето свое срце и душа", изјави семејството кое го одгледа.
Денес ниту мајкат, ниту синот не ја кријат среќата што конечно се пронајдоа.
„Срцето ми е полно. Јас сум дел од неговиот живот. Знам дека неговиот телефонски број е во мојот телефон и можам да му се јавам или да му пишам во секое време... неверојатно е“, рече Ширер.
Слично на тоа, Бенџамин рекол: „Запознавањето со моето биолошко семејство ми изгледаше како лек. Отсекогаш постоела празнина во мене, а таа сега е пополнета. Конечно сум комплетен, целосен. Како конечно да сум подготвен да продолжам понатаму.“
извор: kajgana.com