Најскапа автобуска карта во моментот е повратна Скопје-Охрид и чини 1130 денари, а сите автобуски карти во меѓуградскиот автобуски сообраќај се покачени и до 25 проценти во последниот месец - објави Телма.
Главната причина е зголемувањето на цената на дизел-горивото кое од 70 денари во март скокна до 102 денари сега, објаснува Масар Омерагиќ, директор на скопската автобуска станица Руле Турс. Тој во гостувањето на Телма посочи дека превозниците барале од владата замрзнување на акцизи за училишен превоз, превоз на војници и редовни линии, но досега немаат одговор.
Владата и надлежните институции побарале податоци за потрошувачка на горивото од превозниците и тие биле доставени.
Покрај високите цени на горивото и постојаното поскапување, голем проблем се и нелегалните превозници односно дивите таксисти.