Јапонија е позната по тоа што се многу уредни и што се грижат за чистотата во својата земја, односно секој град и секоја установа.
Секоја земја има свои обичаи и свои правила кои мора да ги почитуваат сите кои живеат во неа. Додека за едни земји нешто делува необично, за други тоа е сосема во ред и нормално. Сепак, не би било интересно ако е поинаку, зарем не?
Една од земјите која има чудни правила секако е Јапонија. Покрај тоа што во оваа земја плаќате парична казна ако со автомобил испрскате пешак или што е забрането да живеете одвоено од сопругата или сопругот без оправдана причина, во Јапонија постои и едно правило кое делува тешко остварливо, но на Јапонците им оди од рака.
Имено, во Јапонија на улиците речиси да нема канти за отпадоци, ни улични чистачи, но се е многу чисто и на улицата нема да забележите празни ќеси или отпушоци.
Јапонија е позната по тоа што се многу уредни и се грижат за чистотата на својата земја, односно секој град и секоја установа.
Меѓутоа, тоа не би било чудно ако за чистотата не се грижат исклучиво граѓаните.
Уште од мали, во училишните денови, обврска на децата е да ги чистат училниците и ходниците и така создаваат навика. Децата доброволно се пријавуваат за месечно чистење на заедницата, собирање на ѓубре во близина на нивните училишта.
Децата во училиште пред вратите се соблекуваат и облекуваат влечки, а тоа луѓето го прават и дома. Дури и мајсторите кои ви доаѓаат дома ги соблекуваат обувките и одат наоколу боси.
Квартовите исто така организираат редовни чистења на улиците. Не е дека има што да исчистат, затоа што луѓето веќе го однеле сопственото ѓубре дома.
На Светските фудбалски првенства во Бразил и Русија, јапонските навивачи го воодушевија светот кога остануваа по натпреварите за да го соберат ѓубрето од стадионот. И фудбалерите ги оставале своите соблекувални во беспрекорна состојба.
Некои примери за екстремната јапонска чистотија станале и вирални, како 7-минутниот ритуал за чистење на возот Шинкансен, кој станал туристичка атракција.