„Опа“ (Ώπα) е грчки израз кој често се слуша и кај нас, а оригиналната примена му е во празнувањето на животот. Ако сте биле во Грција, или сте гледале филмови чиј заплет е сместен во Грција, сте го слушнале овој израз на свадби, прослави.
Но, тоа е многу повеќе од само извик. Тоа е концепт кој со себе носи длабоко значење.
Од своите антички корени, грчката изрека „Опа!“ може да се гледа како две страни на иста паричка: едната страна се однесува на возбудливиот, инспиративен, ентузијастички израз кој често се слуша за време на некаква прослава, а другата ја сфаќа многу сериозно човечката потреба да останеме будни, да се предупредуваме себеси и другите, да внимаваме на секоја можна „опасност“ на нашиот пат и да бидеме повнимателни кон животните потенцијали, неограничените можности.
Малку слично на холистичкиот концепт на јин и јанг во кинеската филозофија, двете страни на грчкиот израз се меѓусебно зависни и неопходни за исполнување на нашиот најголем потенцијал.
Акронимот OPA е создаден со англиски букви од грчката азбука, додека оригинално на грчки е ΏΠΑ. Буквата „О“, или Ω (омега) се однесува на основната човечка потреба за „смислено поврзување со другите“; буквата „П“ (Пи) се однесува на основната човечка потреба за „дејствување со подлабока цел“; а буквата „А“ (Алфа) се однесува на основната човечка потреба да го прифати целиот живот.
Така, старите Грци можеби ненамерно ја откриле тајната на доброто живеење.
Затоа, кога ви е тешко, само викајте Опа!
извор: kajgana.com