Експертите кои се занимаваат со прашања на продуктивноста, дале предлози како на соодветен начин да ја искористите неделата (како ден). Тие издвоиле три предлози за кои наведуваат дека успешните луѓе ги прават посреќни.
Експертот Крис Бејли образложил три предлози за кои истакнал дека не се „волшебен лек“, но дека секому можат да му помогнат.
1. Одредете приоритети за претстојната седмица
Бејли нагласува дека планирањето на претстојната седмица придонесува во намалување на стресот и анксиозноста. Планирањето подразбира „правило од три работи“ или одредување на три работи кои сакате да ги остварите во работниот, но и во приватниот живот.
2. Креирање листа на задачи и достигнувања
Бејли препорачува и создавање листа на задачи, но таа листа секоја недела треба да се ажурира. Постигнувањата се однесуваат на седмицата која завршува, додека пак задачите се однесуваат на следната седмица.
„Брзо забораваме што сме постигнале и фокусирани сме на она што не сме го направиле. За момент честитајте си себеси за напредокот којшто сте го планирале. Тоа може да ви ја зголеми самодовербата и да ви биде мотив за наредната седмица“, укажал Бејли.
3. Пронаоѓање ритуали
Се сугерира и практикување на оние активности кои лицето може да ги најде само за себе. Една од таквите е дружење со луѓето во чие друштво се чувствувате добро или пак медитација. Бејли споменал дека најважно е да бидете редовен во тие активности, пренесува „CNBC“.