Дали некогаш сте виделе убод од инсект на своето тело и сте се запрашале од што може да биде?
Колку подобро сте информирани за инсектот што ве каснал, толку подобро ќе можете да интервенирате на каснатото место. Уште една дополнителна причина е тоа што некои од инсектите со својот убод може да пренесат и опасни инфекции.
Еве како изгледаат неколку од најчестите убоди од инсект:
Крлеж
Она што е страшно кај убодот од крлеж, е тоа што најверојатно нема да го осетите кога ќе се закачи за вас. Овие штетници неприметно каснуваат и ја цицаат крвта, а нивниот убод предизвикува црвенило коешто се протега во радиус од неколку сантиметри околку црвена или црна точка.
Комарец
Овие чести убоди изгледаат како мали црвени испакнатини на кожата и се со форма на круг или меур. Чешањето е најлош потег, бидејќи така кожата уште повеќе ќе се изиритира и ќе стане темноцрвена.
Оса
Каснувањето од оса е вообичаено болно, а ретко кога ќе го фатите на време да го видите. Убодите од оса многу чешаат и предизвикуваат црвенило и оток. Каснатиот дел е малку поголем од оној на комарецот и можете да видите каде е пробиена кожата.
Пчела
Пчелите се спремни да го изгубат својот живот кога ќе ве каснат. Откако ќе ја пробијат кожата тие не можат да го повлечат осилото и тоа останува забиено во вас, а се одделува од пчелата заедно со дел од нејзините органи и таа умира.
Болва
Најчесто овие каснувања се наоѓаат на нозете и се лесни за забележување бидејќи болвата каснува повеќе пати. Овие каснувања повеќе чешаат од убодот од комарец и на изглед се како мали, цврсти, црвени топчиња на кожата.
Вошка
Вошката најчесто се наоѓа на главата но има и видови на вошки што може да се појават на други делови од телото. Покрај тоа што нивното каснување многу ве тера да се чешате, тоа исто така остава и мали црвени точки на кожата.