Во извештајот објавен од Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите (NHTSA) се наведува дека возилата на Tesla учествувале во 273 од вкупно 367 несреќи во кои учествувале возила со систем за автопилот од јули 2021 година.
По Tesla, следуваат возилата на Honda со вкупно 90 несреќи, а потоа и Subaru, чии автомобили со систем за автопилот учествувале во десет сообраќајки.
Трите американски држави со најмногу несреќи се Калифорнија (125), Флорида (34) и Тексас (33).
Во моментов во САД се користат околу 830.000 возила на Tesla со автопилот, како и околу шест милиони возила на Honda во истата категорија.
Во сообраќајките во кои учествувале овие возила животот го загубиле пет лица, а шест лица се тешко повредени.
Автопилотот прави некои дејства наместо возачот, дозволувајќи им да ги држат рацете подалеку од воланот долго време.
извор: biznisinfo.mk