Често се прашувате кога и колку време да го вклучите бојлерот притоа да заштедите што е можно повеќе? Како да заштедите повеќе, ако котелот е вклучен 24 часа или ако го вклучите само за време на евтина тарифа?
Покрај заштедата, тука е и прашањето за времетраењето на „животот“ на бојлерот, но на крајот сето тоа нè води до истиот исход, а тоа е потенок паричник.
Интернет форумите се полни со совети, а некои се дадени токму од мајстори, па затоа споделуваме дел од нивните препораки.
Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот по потреба, додека струјата е евтина. Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен.
Исто така, зависи дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, па ако целата топла вода во куќата доаѓа од истиот апарат, најдобро е постојано да биде вклучен.
Што се однесува до подесувањето, овде важи правилото дека златната средина е најдобра опција, па затоа треба да биде или насредина или на температура од 55 степени.
Моментот кога бојлерот секогаш треба да биде исклучен е кога се бањате.
„Повеќето од нас никогаш не размислувале дали капењето со вклучен бојлер е безбедно, додека некој не се повреди. Дали е можно да дојде до струен удар од котелот? Редовниот сервис на котелот обезбедува да не дојде до струен удар“, вели еден мајстор.