![УХМР предупредува: Во следните денови температури и до 40 степени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/18/f015cf81-resize-820x0x100.jpg)
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните делови попладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ= 8
Еве какво ќе биде времето во следните денови:
Следува период на постабилно време. Ќе преовладува сончево време со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури.
Услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи се очекуваат на југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.
извор: kurir.mk