Што треба да исклучите од струја кога одите на одмор? Некои апарати можат да се расипат, некои и понатаму трошат струја иако не работат, а некои можат да предизвикаат одреден дефект.
Се подготвувате за одмор, а најмногу сакате се да биде на своето место кога ќе се вратите. Значи, без непредвидени ситуации, за антистрес расположението кое сте го донеле дома да потрае уште малку.
Апарати кои треба да ги исклучите од штекер:
Уреди кои имаат полнач: мобилни телефони, конзоли за играње, лаптоп, модеми, рутери и сите уреди кои имаат свој дополнителен полнач треба да бидат исклучени од штекер. Без разлика дали некој уред е вклучен во полнач, тој троши струја.
Мали домашни апарати: блендери, тостери, сите апарати со тајмер можат да бидат потенцијално опасни додека не сте дома. Најбезбедно е да ги исклучите. За оние кои се расеани и не се сеќаваат дал иго исклучиле уредот, најдобро е да ги фотографираат празните штекери.
Уреди кои се во состојба на мирување: сите уреди кои ги контролирате со далечински управувач не се навистина угасени и безбедни додека не го исклучите напојувањето со струја.
Апарати кои треба само да ги исклучите:
Клима: доволно е само да го исклучите уредот, не мора да го прекинувате струјното напојување.
Бојлер: доволно е само да го исклучите бојлерот, исто како и кога се туширате.
Не е струја, но е корисно
Пред одмор треба да го затворите и главниот вентил за вода, на тој начин ќе избегнете поплави.
извор: kajgana.com