Метежот по градските улици никому не годи: Тоа е штетно и за економијата, а прави и да имаме уште помалку од времето што веќе ни недостига
Германската компанија e.Volution му нуди на светот сеопфатен систем за превоз до работа, со цел да се намали метежот од автомобили по улиците. Системот се состои од електричен ван Meta со 7 седишта, од кои 4 може да се опремат како биро, потоа од совтверска платформа за резервирање возила и од обезбеден простор за паркирање.
Главната суштина се состои во тоа што e.Volution им нуди можност на компаниите и општо на работодавците, да се претплатат на системот и на своите вработени да им обезбедат бесплатен превоз од и до работното место. Ванот META е едно од првите „Circular Economy“ возила. Овие возила поседуваат посебна технологија и модуларност, можат да се приспособат според потребите и лесно им се заменуваат деловите заради подолг век на користење.
Според стручните лица, до 70% од автомобилите што се движат по улиците низ градовите се користат за патување до и од работа. Во автомобилите најчесто има само возач. Замислата на e.Volution е просечната зафатеност на нивните ванови да се движи меѓу 4 и 5 патници. Тоа укажува на можноста за неколкукратно намалување на сообраќајот по улиците, посебно во шпицовите.
Уште една предност за компаниите е тоа што го намалуваат својот СО2-отпечаток, спречуваат метеж на пат до и од локацијата на компанијата и на вработените им се нуди привлечен превоз организиран од работодавецот. При патувањето, ванот може да се користи и како биро. Компаниите можат сами да изберат како ќе бидат изведени вановите. Исто така е избор на компанијата и вработеното лице што ќе се задолжи со возилото и наутро и навечер ги вози колегите до нивните домови.
e.Volution како давател на услуга, преку партнерства обезбедува и простор за паркирање на вановите во таканаречените Mobility-Hubs, на главните крстопати во градовите. Овие Mobility-Hubs се воедно и претставништва на компанијата, каде што се добиваат информации за нејзините услуги и воедно се резервират услуги.
Вановите META располагаат единствена градба, којашто се состои од рамка од алуминиумски профили. Внатрешноста е изработена од термопласт, којшто е со висок квалитет и лесно се отстранува по потреба. Замислата е возилата по 5 години да се расклопат, да се заменат дотраените делови и потоа да се вратат во служба. Батериите исто така се заменуваат по пет години, со тоа што старите батерии се користат за стационарно складирање енергија за фотоволтаички системи.
- Погон 2 x 135 kW Peak
- Највисока брзина 160 km/h
- Батерија 70 kWh
- Должина 5078 mm
- Ширина 1988 mm
- Висина 2007 mm
- Капацитет до 7 лица
Тесктот е превземен од automedia.mk