Најновите истражувања потврдуваат дека едно пиво на ден не ја зголемува телесната тежина или маснотиите во крвта.
Сите знаеме дека умероното конзумирање алкохол и балансираната исхрана се клуч за здравиот начин на живеење, а една нова студија покажа дека пиење на алкохолен пијалок секој ден може да помогне во одржување на здравата цревна флора. Ова особено се однесува на пивото. Имено, во студијата објавена во списанието Journal of Agricultural and Food Chemistry, истражувачите им давале на здрави мажи да пијат околу 3,5 децилитри алкохолно или безалкохолно лагер пиво секој ден во период од 4 недели. На крајот на студијата, 22 мажи имале поголема бактериска разновидност во цреватаи подобри маркери на цревното здравје отколку пред почетокот на студијата.
“Безалкохолното и алкохолното пиво ја зголемија разновидноста на цревните микроби, што е поврзано со позитивниот здравствен исход. Овие резултати сугерираат дека ефектите на пивото врз модулацијата на цревната флора се независни од алкохолот и можат да се поврзат со пивскиот полифенолин“, истакнаа истражувачите.
Иако студијата е мала, нејзините резултати може да бидат основа за натамошни истражувања. Резултатите од оваа студија се охрабрувачки за љубителите на пиво, но важно е да се запамети дека пиењето пиво понекогаш може да предизвика и иритација на дигестивниот систем.
„Ппри пиењето пиво во вашиот желудник може да се произведе повеќе киселина од вообичаено што може да премине во воспалување на цревнта слузница, што на долг рок може да предизвика гастритис“, објаснува нутриционистката Кети Бојд.