Шахот сè уште е популарна игра ширум светот, но кон него се третира со особена сериозност во Источна Европа.
Во септември 2011 година, Ерменија го направи шахот задолжителен училишен предмет за сите деца на возраст над шест години.
Една неодамнешна психолошка студија покажа дека шахот е поврзан со поголеми „когнитивни способности, способност за справување и решавање проблеми, па дури и социоафективен развој на децата“. Се разбира, бидејќи станува збор за набљудувачка студија, врската би можела да се должи на некој трет фактор или можноста паметните, зрели деца генерално да се повеќе склони да играат шах.
Наставник по математика вели: „Со шахот се тренира логично размислување. Се учи за донесување одлуки, се тренира меморијата, ја зајакнува волјата, ги мотивира децата да победат и ги учи како да се справат со поразот. Тоа е единствениот училишен предмет што може да го направи сето ова“.
Не само што шахот помага во тренирање на мозокот, туку и ги учи децата на основните животни вештини. Во нашата култура, делиме трофеи со победниците и поразените - или воопшто занемаруваме да ги водиме резултатите - поради некоја погрешна, политички коректна идеја дека никогаш не треба да повредиме нечии чувства. Но, во Ерменија, училиштата ги учат децата на реалноста - понекогаш губите. Ова е важна лекција и треба да се научи на млада возраст.
Она што го прави шахот толку фасцинантен е тоа што две партии никогаш нема да се одиграат исто.
извор: kajgana.com