Албинена е швајцарско село кое е подготвено да исплати голема сума на пари на луѓето кои ќе одлучат да живеат таму. Но, постои еден услов – потребно е да останете таму 10 години најмалку.
Доколку одлучите да се преселите таму, може да добиете и до 60.000 евра. Во селото живеат 260 жители, а со оглед на тоа дека нема многу деца, властите биле приморани да ги затворат училиштата и некои други институции.
Уште еден услов кој треба да го исполните е вашата возраст. Имено, треба да бидете помлади од 45 години.
Секој возрасен човек кој би се доселил би добил по 25.000 франци, додека пак родителите за секое дете би добиле помош од 10.000 франци.