Кучињата го заслужуваат сиот луксуз на светот – или не? Оваа куќичка за кучиња докажува дека и кучињата можат да уживаат во луксузот...
Доколку ѝ веруваме на оваа приказна, погледнете ја оваа прекрасно, рачно изработена куќичка за кучиња која е инспирирана од традиционалната јапонска архитектура, а истата се продава по неверојатни 150.000 долари.
Претставена е од страна на компанијата „Bunkaizai Kozo Keikaku“ која се наоѓа во Осака во Јапонија, а куќичката за кучиња не наликува на ниту една друга.
Рачно ја изработуваат столари и мајстори со истата техника која се користи при градење на храмови.
Користените материјали вклучуваат јапонско дрво хиноки и киаки дрво чемпрес, гранит за база и бакарни плочи за кров.
Куќичката за кучиња е висока 119,1 сантиметар и широка 122, 5 сантиметри, додека пак внатрешниот отвор е висок 41 сантиметар и широк 29,4 сантиметри.
Наречена е „Inudono“, а името настанало како комбинација на јапонскиот збор „inu“ што значи куче и „dono“ што значи феудален господар.
А, за да се докаже дека куќичката е доволно луксузна, архитектонското студио проценило дека за изградба на секоја нарачка ќе бидат потребни меѓу шест и дванаесет месеци.
„Оваа куќичка за кучиња ја произведува активен столар, искусен занаетчија лимар и гравер, под надзор на инженери за реставрација кои работат на многу реставрации на културни добра. Дизајнот е основан на стилот на зен будизмот којшто бил архитектонски стил којшто е воведен во текот на периодот на Камакура. Куќичките за кучиња внимателно се изработуваат од страна на најдобрите занаетчии, а истите додека се занимаваат со новоградби и поправка на храмови и светилишта, градат и куќички за кучиња, така што градат по само една годишно“, порачуваат од компанијата.