![Почнува новата сезона на скопскиот Аква парк](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/fb/1208efbf-resize-820x0x100.jpg)
Од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ го најавија отворањето на скопскиот Аква Парк! Како што информираат оттаму, Аква Паркот ќе биде отворен од петок, 1. јули, а ќе работи секој ден од 10 - 18 часот. И сезонава Аква Паркот ќе биде место за вистинско разладување, уживање во водени лудории и многу забава!
Аква паркот и годинава нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.
извор: skopjeinfo.mk