Фотографија од една крстосница предизвикала полемика на социјалните мрежи, а ниту судскиот вештак ниту инструктор по возење не се согласиле во тоа кој има првенство на минување.
Правилата во сообраќајот предизвикале голема полемика на социјалните мрежи, а мислењата се многу поделени, додека пак постојат и разлики меѓу судскиот вештак и инструктор во автошкола.
На објавената фотографија од крстосницата може да се воочи црвен и бел автомобил. Покрај црвениот автомобил има знак СТОП, додека пак покрај белиот има означен триаголник. Црвениот автомобил оди право, додека пак белиот врти.
Прашањето е – кој има првенство на минување?
Многумина тврделе дека белиот автомобил има првенство на минување, иако врти.
„Белиот има предност, се гледа од авион. Ниту возам, ниту имам возачка, но како совозач учиш“, напишал некој под фотографијата.
„Мајко мила, со оглед на овие одговори тука се чудам дека низ годиниве не ме удрил некој автомобил. Оние кои мислат дека СТОП е помоќен, подобро веднаш нека ја вратат возачката дозвола. СТОП има еднаква тежина како и знакот за споредна улица. Тој на СТОП мора да застане, а мора и овој белиот поради тоа што црвениот има предност. Се надевам дека сите кои ќе кажат дека белиот автомобил има предност на минување еден ден ќе останат без возачка“, вели друг корисник.
Ситуацијата дополнително се комплицирала откако судски вештаци тврделе едно, а инструктори во автошкола друго.
Хрватски „24sata“ го повикал експертот Горан Хусинец којшто го изјавил следното:
„Секако дека белиот има предност. Црвениот има знак СТОП и тој мора да застане на знакот. Меѓутоа, и едниот и другиот возач мора да внимаваат еден на друг, за да не дојде до забуна. Автомобилите кои имаат знак СТОП секогаш мора да ги препуштат останатите автомобили на крстосница. Значи, доколку белиот автомобил на крстосницата врти лево, црвениот мора да го пропушти. Правилото со задржување на насока на движење во овој случај не важи“, истакнал тој.
Од друга страна, од автошколата изјавиле:
„Мислите дека белиот има предност на минување затоа што пред црвениот има знак СТОП? Возилото со црвена боја мора да запре, но само за да го пропушти возилото кое доаѓа од патот со првенство на минување, но не и белиот автомобил“, велат оттаму.
Што мислите вие?