
Македонски тим математичари освои четири медали на jуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во 2022 година која се одржа во Сараево од 28 јуни до 3 јули.
Како што соопшти Сојузот на математичари на Македонија, Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски, сребрен медал, а Димитар Фидановски и Марко Митевски освоија бронзени медали.
„На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. Ова е најголем успех во последните десетина години“, информира Сојузот на математичари.