Илон Маск е најбогатиот човек на планетата којшто има успешна кариера, но и многу љубовни бродоломи, меѓутоа тој знае да направи одличен баланс меѓу приватниот и деловниот живот.
Маск можеби би го немал сето тоа што го има денес и не би бил толку успешен доколку не е претпазлив, но и според мислењето на некои од луѓето – чуден.
За него многу се пишува, а една од главните теми во последно време се неговите деца и правилата кои тие мора да ги почитуваат.
Новинарот Ешли Ванс во книгата „Илон Маск: Тесла, Спејс Икс и потрагата по фантастична иднина“ открил по кои критериуми славниот милијардер ги бира своите вработени.
Имено, Маск има своја омилена загатка која им ја поставува на потенцијалните кандидати за работа, за да ги збуни и да види како се снаоѓаат.
„Стоите на површината на Земјата. Одите една милја (околу 1,6 километри) кон југ, една милја кон запад и една милја кон север. Сте дошле на местото од кое сте тргнале. Каде се наоѓате?“, е прашањето кое најбогатиот човек на светот им го поставува на потенцијалните лица за работа.
Познато е дека своите први вработени Илон Маск лично ги интервјуирал, а поголем дел од нив одговориле точно на загатката, меѓутоа потоа би следело уште едно прашање „каде уште би можеле да бидете?“
Загатката има два одговори и двата се наведени во споменатата книга.
„Вториот одговор е некаде во близина на Јужниот пол каде, доколку одите една милја јужно, опсегот на Земјата станува една милја. Помалку инженери го знаат вториот одговор, но Маск со задоволство ќе ја објасни загатката. На Маск помалку го интересира дали лицето ќе даде точен одговор, а повеќе го интересира тоа како го опишуваат проблемот и својот пристап кон неговото решение“, заклучено е во книгата.
извор: supermen.tocka.com.mk