Вечната летна борба е меѓу на оние на кои секогаш им е студено и на оние на кои им е неподносливо жешко. Како да ја пронајдете идеалната температура на климата која ќе им одговара на сите во просторијата, која нема да му наштети на нашето здравје, а користењето на климата ќе биде енергетски ефикасно?
25 или 26 степени се смета за соодветна температура која ја балансира заштедата на енергија и удобноста за луѓето на кои им е потребно ладење кога се во својот дом. Теоретски можеби е, но во пракса не е толку едноставно.
Бројни опции за климатизација
Поставувањето на вистинската температура во вашиот дом со клима уред ќе бара експериментирање со различни опции. Исто така, ќе треба да одлучите дали приоритет ви се пониски сметки за струја, поголема удобност или баланс од горенаведеното.
Други фактори што мора да ги земете предвид за да ја одредите најдобрата температура за клима уредот во вашиот дом се бројот на луѓе, количината на физичка активност и надворешните фактори како што се влажност, директна сончева светлина, бројот на прозорци и слично. Со други зборови, најдобрата поставка за климатизација на вашиот дом е онаа која доволно ве лади вас и вашето семејство, по цена што можете да си ја дозволите.
Температура на климата во лето
Летото е синоним за топлина, влажност и потење, а најголемото искушение е да ја вклучите климата и да уживате во тој прекрасен, ладен и сув воздух. Доброто чувство завршува кога ќе ја добиете сметката за струја.
За да останете на пријатна температура која не е штетна за вашето здравје, но и за вашиот паричник, поставете ја температурата на повеќе од 25 степени кога не сте во просторијата и на 25 степени Целзиусови кога сте во неа. Обидете се постепено да ја намалувате температурата за степен или два додека не најдете таква што на сите им е удобно.
Како да заштедите пари?
Иако можеби е логично целосно да го исклучите клима уредот кога ја напуштате просторијата во која престојувате за да заштедите пари, тоа не мора да биде вистина.
Ако на просторијата ѝ треба многу време за да се олади, подобро е да ја оставите климата поставена на температура за неколку степени повисока од температурата на која интензивно се ладите. На пример, ако ја поставите климата на 18 степени за брзо разладување на домот, подобро е да ја оставите да работи на 24 степени додека сте отсутни. Ова поставување може да ви заштеди до 10% од вашата сметка за електрична енергија.
Исто така, можете да заштедите со користење на природни форми на ладење; вентилаторите и провевките се практични решенија за циркулација на топол воздух, кои можат да ви помогнат да се чувствувате поудобно.
Дополнително, секако, потрудете се да не користите апарати кои ја загреваат просторијата, како што се печки, фен, пегли и слично, а кога ќе ја разладите просторијата, држете ги прозорците затворени за да ја одржувате температурата што подолго.