Според последните информации, на Германија и недостасува огромен број на работници од странство, па веќе преземаат мерки за што полесно доаѓање и пристигнување во земјата
Релативно новиот германски закон за доселување дозволува работа за секој што ќе најде работодавач – под услов да е вешт во нешто. Може да бидат и сметководители или возачи, важно е да имаат диплома.
Слично како и на аеродромите, во периодот на панд емијата и рестораните речиси и да немаа работа, поради што сега немаат работна сила. Челик вели дека околу 60 отсто од хотелите и рестораните бараат келнери, готвачи и собарки.
По одлуката за олеснување на влезот на работна сила на аеродромите, германската влада сега планира поедноставен влез и за работници во гастрономијата.
„Потребата од работна сила се заостри многу поради панд емијата“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа во разговор за ДПА вели дека огромен недостиг на работна сила има не само во воздухопловството, туку и во гастрономијата и хотелиерството.
„Министерот за труд Хубертус Хајл и јас знаеме дека би морало да се донесат олеснувања за странски работници во тој дел“, вели Фезер и додава дека заедно со колегата Хајл уште годинава ќе предложи промени „за во Германија да се донесат добри работници“.
Поради недостигот од работна сила и хаосот кој како последица на тоа настана на германските аеродроми среде летните одмори, германската влада брзо се усогласи околу неопходноста од поедноставно и побрзо носење странски работници.
Работниците, кои од странство ќе доаѓаат пред сѐ за подготовка на багажот и чекирање на патниците, би требало да стигнат главно од Турција, но се спомнуваат и балканските земји.
За да се зголеми атрактивноста на Германија за стручњаци од странство, треба „да се завршат неколку домашни задачи“, потенцира Фезер.
„Потребно ни е побрзо признавање на дипломите и помалку бирократија“, вели министерката за внатрешни работи и тврди дека интензивно работи на тоа заедно со министрите за труд и за образование.
Освен тоа, таа подвлекува дека странските работници ќе мора да имаат работа регулирана согласно тарифните договори од која „ќе можат да живеат“. Во тој дел владата е на страната на синдикатите, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.