Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси компаниите, предложени се измени на цените на такси услугите. Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите ќе ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град, а првиот е на сила веќе 11 години. Која од трите тарифи ќе се применува ќе зависи од тоа дали цената на горивата ќе расте или ќе се намалува, велат од Град Скопје.
- Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
- Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
- Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.
Тарифите се усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници.Од Град Скопје велат дека при формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.