Две нови линии – 29 и 50а се воведуваат во ЈСП
Две нови линии, и тоа број 29 и 50а, ќе се воведат во мрежата на линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за линиски превоз на патници треба да биде усвоена на наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 11 јули годинава.
Како што се наведува во образложението на одлуката, измените и дополнувањето се засновани на: информации добиени од граѓани корисници на јавниот превоз, барања од корисници за подобрување на квалитетот на превозот, предлози добиени од средби со граѓани од урбани заедници, врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.
– Нов возен ред на линијата 29, 60 и усогласување на возните редови на линиите 50 и 50а согласно со на искажаните потреби на корисниците на јавниот превоз, направените анализи, сè со цел давање поквалитетни превозни услуги и поголема достапност на корисниците до мрежата на линии – се вели во образложението на одлуката.