Најголемиот синџир на кафетерии во светот Старбакс до крајот на годината ќе го прошири своето работење во Црна Гора, најави градоначалникот на Подгорица.
Како што наведе во објава на својот Фејсбук профил, тоа е резултат на средбата со претставници на „Зерен Холдинг“ од Велика Британија, која соработува со сопствениците на познатата франшиза.
Тој додаде дека се работи за инвестиција вредна 5 милиони евра, а ќе се отворат 50 работни места.