Сме пишувале досега за враќање на километражата на половни возилa, но сега има информација за две лица кои би можеле да бидат неславните рекордери кога станува збор за оваа незаконска активност.
Австриската полиција влегла во трага на пар (сопругот 64, сопругата 63 години) кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.
На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.
Полицијата истражувала малку повеќе и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.
Брачните партнери ја вратиле километражата на едно Audi за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Audi и Škoda.
Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.
извор: kajgana.com