Знаете ли што се во хороскоп Илон Маск, Џеф Безос, Руперт Мердок?
Верувале или не, многу од светските милијардери го делат истиот хороскопски знак, а астролозите веруваат дека тој им дава флексибилност и перфекционизам којшто им носи богатство.
Најуспешните луѓе на планетата без сомнеж се образовани и напорно работат за да го стекнат своето богатство, но понекогаш, како тоа што е во животот, неопходна им е и мала доза на среќа.
Доколку ги прашате заговорниците на астрологијата, во тоа пресудна улога игра хороскопот, односно положбата на планетите во момент на нивното раѓање, а интересно е тоа што во случајот на милијардерите од листата на „Forbes“, еден хороскопски знак често се повторува.
3. Рак
Третото место им припадна на Раковите чиј најбогат претставник официјално е Илон Маск.
2. Риби
Второто место го заземаат Рибите, чиј најбогат претставник во светот на милијардерите е Руперт Мердок.
1. Вага
Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за Вагата – знакот во кој се родени најголем број од светските милијардери – дури 27 од нив. Тоа има смисла доколку се земе предвид тоа што се многу флексибилни, способни за приспособување, перфекционисти и некои кои држат рамнотежа во сите полиња од животот.
Листа на најпознатите милијардери и хороскопски знаци:
1. Илон Маск – 219 милијарди долари – Рак
2. Џеф Безос – 171 милијарди долари – Јарец
3. Бернар Арно – 158 милијарди долари – Риби
4. Бил Гејтс – 129 милијарди долари – Шкорпија
5. Ворен Бафет – 118 милијарди долари – Девица
6. Лари Пејџ – 111 милијарди долари – Овен
7. Сергеј Брин – 107 милијарди долари – Лав
8. Лари Елисон – 106 милијарди долари – Лав
9. Стив Болмер – 91,4 милијарди долари – Овен
10. Мукеш Амбани – 90,7 милијарди долари – Овен
Интересно е тоа што во листата најпознати милијардери нема ниту еден којшто е роден во хороскопскиот знак Вага, а најмногу доминира Овен.