Можеби се познати по црните перики и стоењето пред портите на Бакингемската Палата, но малкумина знаат дека тие се целосно истренирани војници на британската армија.
Да се биде чувар на кралицата не е воопшто лесна работа, а патот да се стигне до таму е навистина тежок и напорен.
Доколку некој сака да стане чувар на кралицата, најпрво мора да аплицира за прием во британската војска. Но, не може да се пријави баш секој.
Да сте на возраст од 16 до 32 години, да можете да кренете 40 килогрми, да сте издржливи во носење тежок товар 120 метри и да истрчате 2.400 метри (1.500 милји) за 12 минути и 45 секунди. И да, мора да сте машко.
Што е следно?
Откако ќе се пријавите, доколку ги исполнувате горенаведените услови ве повикуваат на 30-неделен тренинг во гарнизонот Катерик. Таму, инструкторите ќе ве тренираат како да ја зголемите својата физичка издржливост, како да употребувате оружје, навигација, тактики, преживување и возење.
Ако успеете да го поминете тренингот во гарнизонот Катерик, одите во следната фаза, а таа е прераспределба во баталјоните ширум Велика Британија, Кенија, Канада и Белизе – и тука започнува вистинскиот тренинг бидејќи кандидатите се дел од вистински воени операции.
Кандидатите во текот на обуката заработуваат годишна плата од 15.230 фунти, а кога ќе ја завршат обуката сумата достигнува 18.859 фунти.
И покрај тоа што оваа работа не изгледа баш интересна за тие коишто ја извршуваат, на видеото подолу ќе видите дека сите останати поминуваат одлично време шегувајќи се со овие популарни војници на кралицата.