Откако Маск сите ги изненади со својата објава за купување на Twitter, а потоа исто така изненади со објавата дека се откажува од купувањето, но сега изгледа дека целиот случај ќе се претвори во вистински хаос. Имено, од Twitter порачаа дека сепак имаат намера да го натераат Маск да ја купи социјалната мрежа или да ги сноси последиците.
Претседателот на Управниот одбор на Twitter, Брет Тејлор, на Twitter објави дека и понатаму планираат да го реализираат договорот. Одборот на Twitter сака да ја склучи трансакцијата по цената и условите кои биле договорени со Маск и планираат да покренат правни потези за да се реализира аквизицијата.
„Уверени сме се ќе победиме“ напиша Тејлор.
Аналитичарите потегот на Маск го нарекуваат катастрофално сценарио за Twitter затоа што сега Twitter ќе се спори со Маск во долг судски процес, во кој постојат два можни исходи – или Маск ќе биде присилен да го купи Twitter или ќе мора да плати најмалчку милијарда долари отштета.
Некои аналитичари сметаат дека присилувањето на Маск да го купи Twitter може да биде грешка за таа социјална мрежа. Туе предупредуваат и дека потенцијалното пропаѓање на овој договор може да ја поттикне Комисијата за хартии од вредност дополнително да го истражи Маск, кој веќе се наоѓа во нивна милост и немилост. Имено, неговата пријава на уделот во Twitter била предадена на погрешен формулар и после законскиот рок.
Маск засега нема коментар за ситуацијата.