Според последниот извештај на Randstad Workmonitor, ова се земјите каде што работниците се најзадоволни.
Индијците се најзадоволни на работа, додека Јапонците се најмалку задоволни од сите 34 земји кои учествувале во истражувањето.
Во Индија 89% од работниците се задоволни од работата. Веднаш потоа следуваат Мексико со 85%, САД со 78%, Кина и Велика Британија со 74%, Германија со 71%, Франција со 68%.
Незадоволството на Јапонците е константа кoја интернационалните истражувања на работните места. Само 42% од Јапонците велат дека тие биле задоволни со својата работа, а 21% велат дека биле незадоволни, што се истовремено највисоки вредности и на едната и другата листа.
Додека немањето задоволство од работата може да биде од повеќе причини, лошата работна средина исто така придонесува за незадоволството. Ноз закон кој стапи на сила неделава има за цел да ги заштити Јапонците од злоупотреба и малтретирање, што е голем проблем во земјата.
извор: inovativnost.mk