Постојат неколку трикови како да го препознаете редот во супермаркетот во кој најбрзо ќе стигнете до касата.
Имајте на ум дека во просек поминуваме половина час дневно чекајќи во редици или околу 18 месеци од животот, велат професори од Универзитетот Сасекс во Обединетото Кралство. Двајцата и нивниот тим со месеци ги анализирале редиците во супермаркетите и откриле како да го изберат најбрзиот.
Обрнете внимание на овие 5 работи ако сакате побрзо да дојдете на ред:
1. Проверете што купувачите во редот пред вас имаат во нивните корпи - предметите во тврдо пакување не одземаат многу време за скенирање додека производите во пластични кеси може да предизвикаат застој, бидејќи понекогаш касиерот мора рачно да го внесе баркодот.
2. Избегнувајте скриени каси - истражувањата покажаа дека касиерите чиј поглед на купувачите е скриен работат побавно. Наредените корпи или страничните сталажи може да им го прикријат погледот.
3. Застанете зад купувач со полна количка - иако на почетокот не изгледа како добар избор, научниците велат дека е вистина. Тие објаснуваат како на секој купувач му треба време да се поздрави, плати, да ги стави намирниците во торби, да извади пари/картичка од паричник...
Во просек, потребни се 41 секунда по лице. Тие пресметале дека клиент со 100 намирници во количка троши во просек по 6 минути, а четири лица со по 20 намирници ќе поминат 7 минути во ред.
4. Редиците на касите од левата страна се движат побрзо - повеќето луѓе се десничари и инстинктивно го избираат редот на кој можат да ја наредат робата на десната страна.
5. Изберете жена на каса - докажано е дека жените кои работат на каса побрзо ја завршуваат работата од мажите.
извор: kajgana.com