Во наредната учебна година одредени училишта во земјава се соочуваат со ситуација да мора да држат настава во три смени поради пренатрупаност со ученици. Во основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, каде во моментов се реконструира еден дел, има многу барања за упис во прво одделение и покрај тоа што конкурсот е веќе затворен.
Колку први одделенија ќе има следната учебна година? Пет се на албански, а едно на македонски јазик. Дали сите пет се веќе пополнети? Тие се преполни. Ако не можеме да стигнеме поради бројот, поради просториите, планираме да работиме со три смени. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, ќе постапиме според условите, рече директорот на ОУ „Хасан Приштина“ за АЛСАТ.
Минатата година во ова училиште имаше 1.045 ученици, а за следната бројот се очекува да биде 1.117. Во основното училиште „Исмаил Ќемали“, од истата општина веќе е изграден дополнителен објект.