Германците, плашејќи се од недостиг на гас во есен и зима, купуваат повеќе електрични греалки, иако здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста од овој тип на греење.
Покрај огромниот пораст на побарувачката за електрични греалки, се зголеми и побарувачката за други алтернативи на гас како што се печките на дрва и јаглен.
Експертите проценуваат дека наесен, кога граѓаните ќе се вратат од летните одмори, би можело да дојде до уште поголема побарувачка за електричните греалки. Истовремено, здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на високите цени на греењето со вакви уреди и посочуваат дека греењето на струја е погодно само во случај на краткотраен дефект или немање парно.
извор: kajgana.com