Еден човек од Јапонија, Шоји Моримото, пронашол работа од соништата, која му овозможила да заработува пари, но да не работи ништо.
Имено, тој својата работа ја опишува како време кога треба да молчи, да слуша, да вечера и евентуално да одговори на прашања, а колку и да звучи како да е нешто што не му е потребно на никого, Шоји заработува голема количина на пари.
Имено, овој 37-годишен маж влегува во екипи на гејмери кога им недостасува еден играч, им прави друштво на лицата кои предаваат документи за развод или ги поздравува оние кои се преселиле во нов дом.
„Ги следам своите клиенти каде што сакаат. Одговарам на нивните прашања, ги слушам, климам со главата кога треба. Ми беше непријатно на почетокот, но се навикнав со време“, раскажал Моримото.
Моримото на почетокот своите услуги ги делел бесплатно, а потоа сфатил дека од тоа може убаво да заработи, па почнал да наплаќа. Во краток временски период станал популарен, па сега од клиент зема по 80 евра.
Шоји раскажал дека една жена го ангажирала најмалку 10 пати, а и правел друштво кога одела на состаноци или во секс-шоп, а таа објаснила дека тој е фантастично друштво.
„Ме слушаше без осудување и без проблем влезе со мене во секс-шоп. Чувствувам дека имам поддршка кога е со мене, а притоа не ми го наметнува своето мислење“, открила оваа клиентка.
извор: tocka.com.mk