
На граничниот премин Богородица за излез се чека околу еден час, а исто толку се чека и на граничниот премин Табановце за влез во земјата.
– На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.