Фејсбук ќе им дозволи на корисниците на креираат по пет профили од една сметка за да се поврзат со различни теми и луѓе.
Од Фејсбук велат дека корисниците ќе може да креираат уникатни имиња, за секој профил посебно, но сепак ќе треба да се придржуваат до правилата на платформата – да не ставаат лажни имиња или имиња на јавни личности. Секој корисник и понатаму ќе може да креира сопствена страница, но само од главниот профил.
Новата опција се тестира во одредени земји, но Фејсбук сè уште не открива каде.
Мета, во чија сопственост е Фејсбук, се наоѓа во транзиција во компанија што ќе биде ориентирана во виртуелна реалност, што ќе биде овозможена преку „Метаверзум“. Сепак, за да ја постигне оваа цел потребно е постојано покачување на бројот на корисници, со цел да може да ја финансира целата идеја, па затоа постојано воведува новитети. До скоро работеше на интегрирање на Фејсбук и Инстаграм како, на пример, да овозможи „рилс“ видеата што луѓето ги гледаат на нивните Инстаграм профили да може да ги гледаат и на Фејсбук.