Во оваа земја работниците можат да добијат и 36 платени денови за годишен одмор
Вработените во Луксембург имаат најдолг годишен одмор. Бројот на слободни денови кои ги добива работникот, зависат од неговата возраст. Повозрасните работници добиваат повеќе денови за годишен одмор.
Оние вработени кои се постари од 55 години можат да добијат дури 36 платени денови за годишен одмор.
За разлика од Луксембург, на дното на листата со најмалку слободни платени денови за годишен одмор се наоѓа Кина. Кинеските работници по Закон добиваат само 5 дена за годишен одмор.
Неколку интересни факти за слободните денови на работниците ширум светот:
- САД се единствената напредна економија што не гарантира платен одмор.
- Камбоџа, Иран и Виетнам секоја година имаат најмногу државни празници - вкупно 27 дена;
- Бахреин нуди најмногу државни празници и годишно платено отсуство, со вкупно 49 платени слободни дена;
- Латвиските мајки можат да земат 658 дена платено породилно отсуство - повеќе од која било друга земја;
- Полска нуди најмногу родителски одмор, 1.792 дена (728 платени дена и 1.064 неплатени дена);
- Мажите во Казахстан може да имаат најмногу неплатени слободни денови - 1.116 дена;
- Монголија обезбедува најдолго платено слободно време - 3.061 ден.